СПОРТФУДБАЛ

Навивачите на Хајдук тргнаа да се пресметаат со Бед Блу Бојс

Немили сцени се случуваа на стадионот „Пољуд“ во Сплит по полуфиналето од Купот на Хрватска меѓу Хајдук и Динамо Загреб. Гостите од Загреб, вторпат во само четири дена, беа подобри од Хајдук среде Сплит.

Advertisements

Со голот на Сандро Куленовиќ славеа со 1:0 и се пласираа во финалето, пред четири дена со ист резултат „модрите“ победија и во првенството. По завршувањето на натпреварот, навивачите на Хајдук, револтирани од резултатот, бесот сакаа да го искалат врз гостинските нвивачи.

Ја пробија заштитната ограда и полицискиот кордон пред северната трибина и влегоа на теренот. Фудбалерите на двата тима веднаш избега во соблекувалните.

Толпата тргна кон јужната трибина, но потоа следуваше реакцијата на специјалните полициски сили, кои ги опкружија хулиганите и успеаја да ги вратат на северната трибина, по што тензиите стивнаа.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button