
Навивачите на Фламенго предизвикаа големи инциденти пред зградата на аеродромот во Рио де Жанеиро за да го испратат својот тим на Светското клупско првенство во САД.
Голем број навивачи на „рубро-негро“, (околу 3.000), се собраа пред аеродромската зграда за да го испратат тимот на Фелипе Луис во САД.
Сепак, карневалската атмосфера се претвори во немири и сцени на насилство и хаос од причини кои на почетокот не беа најјасни. Навивачите се судрија жестоко со полицијата. Бразилските медиуми пишуваат дека полицијата била принудена да преземе екстремни мерки за да ги спречи хулиганите во нивното лудило, активирала шок бомби, користела бибер спреј, а органите на редот биле приморани да употребат и гумени куршуми. Фламенго ќе игра против Есперанс од Тунис, Челзи и Лос Анџелес во групата на Светското клупско првенство. /Makfax/
FOTO: https://x.com/Jojo_t24