СПОРТФУДБАЛ

Навреди на француските репрезентативци, Фернандез се извини за скандалот

Француската Фудбалска Федерација поднела пријава до ФИФА по срамните навреди на сметка на „триколорите“ при славењето на Аргентинците на освоениот трофеј на Копа Америка. Енцо Фернандез објави видео на социјалните мрежи на кое се гледа како тој и колегите скандираат навреди на сметка на француските репрезентативци, содржина која ја шокираше фудбалската јавност и очигледно големиот број француски соиграчи на Енцо во Челси.

Advertisements

„Сите француски фудбалери се од Ангола. Нивната мајка е од Камерун, ама нивниот пасош вели Франција“ – пееле меѓу другото Аргентинците, но исто така го спомнувале и Мбапе во негативна конотација, со што ги налутија своите колеги од редовите на Челси.

Весли Фофана самоиницијативно го објави скандалот на социјалните мрежи, осудувајќи го однесувањето на соиграчот Фернандез и другите аргентинци.

Па, по сето тоа Енцо Фернандез се појави со извинување во јавноста за целиот скандал.

„Искрено се извинувам поради видеото на мојот инстаграм-профил, кое настана во текот на прославата. Песната вклучува навреди и нема зборови со кои можам да се извинам. Секогаш сум против дискриминација, се извинувам, бев во еуфорија на прославата. Тоа видео, тој момент, тие зборови не се одраз на моите верувања и мојот карактер. Навистина ми е жал“ – напиша Енцо Фернандез.

Но, малку кој го прифати неговото извинување. Напротив, на социјалните мрежи по неговата објава, голем број фудбалски фанови повторно упатија навредливи зборови кон него.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button