Назарко: Евентуалното влегување на Алијанса во власта би ја зголемило политичката тежина на Албанците
Назарко: Евентуалното влегување на Алијанса во власта би ја зголемило политичката тежина на Албанците

Според балканскиот политички аналитичар Ментор Назарко, кој беше дојден на конгресот на Алијанса, евентуалното влегување на оваа партија во власта би ја зголемило политичката тежина на Албанците. Назарко вели дека тоа би било и придонес за стабилноста во регионот имајќи го во предвид руското влијание.
„Политиката во Северна Македонија продолжува да се развива во нормална демократска насока без оглед на определениот степен на политички конфликти кои се резултат на ВМРО или партиите како Левица кои се поврзани со рускиот фактор. Во секој случај, политичката дијалектика е коректна. Албанскиот фактор е конструктивен фактор било да се наоѓа во власта или во опозиција. Русија е заинтересирана да има огништа на дестабилизација и на други места во светот особено на Балканот, во Македонија, во Босна, во Косово или во Црна Гора. Вклучувањето на Алијанса е придонес за стабилноста во ова деликатно место во регионот. Една коалиција, односно вклучување на Албанците во Владата со уште еден субјект како што е Алијанса за Албанците ја зголемува тежината на Албанците“, рече Ментор Назарко, аналитичар.