ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Назим Буши од денеска ја извршува функцијата министер за внатрешни работи

Од денеска до изборот на нова влада со Министерството за внатрешни работи (МВР) ќе раководи досегашниот заменик-министер Назим Буши.
Од МВР информираат дека досегашниот министер во техничката влада Панче Тошковски му ја предал должноста на Буши кој ќе раководи со Министерството за внатрешни работи до почетокот на функционирање на новиот владин состав, поточно до именувањето на новиот министер за внатрешни работи.
Досегашниот министер Панче Тошковски, преку објава на својот фејсбук-профил, информираше дека неговиот мандат како министер за внатрешни работи во преодната Влада за спроведување на избори на пратеници завршил откако вчера Државната изборна комисија ги објави конечните резултати од Парламентарните избори 2024 година.