ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Назим Буши знаел за мислењето на МВР за законот за државјанство

Заменик-министерот за внатрешни работи, Назим Буши признава дека знаел за мислењето на МВР за нацрт-законот за државјанство поднесен од коалицијата Алијанса – Алтернатива. Тој не објаснува како дозволил такво дискриминирачко мислење кое исто така помина и во владините тела да добие дозвола и во министерството каде тој е заменик, но вели дека предлогот заедно со мислењето на МВР треба да бидат дополнети.

Advertisements

„Информиран сум за мислењето на МВР испратено до Владата. Измената и дополнувањето на Законот за државјанство секако дека бара дебата, исто како и мислењето на МВР доставено до Владата. Сметам дека во овој предлог-закон има елементи што придонесуваат за негово правилно дополнување односно се овозможува олеснување на нашите граѓани да добијат државјанство.“

Иако МВР даде негативно мислење, Буши додава дека тој и ДУИ ќе го поддржат предлогот на опозицијата, но во меѓувреме најавува и нов предлог од Владата и формирање на работни групи за појаснување на текстот на законот.

„Во наредните денови Владата ќе поднесе барање за измена и дополнување на постојниот Закон за државјанство по што ќе се формираат работни групи составени од членови на Владата, МВР и други институции.“

Според ставовите на Буш, не се знае дали тој и неговата партија ќе го поддржат предлогот на опозицијата како таков, дали ќе застанат за новиот предлог што ќе го поднесе Владата или ќе бараат промена на мислењето на МВР. А, според мислењето кое го објави Алсат, министерот Спасовски ги отфрлил сите предлози на опозицијата опфатени во предлогот, како што се: добивање државјанство со тројца сведоци, наследување на државјанство од прва и втора генерација, наследено државјанство благодарение на брак и добивањето на статус на државјанин со познавање само на албанскиот како службен јазик.

Adrian Kerimi

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button