ВЕСТИЕКОНОМИЈА

НБ: Каматата засега нема да расте за да се ублажува инфлацијата

Народната банка засега нема да превземе монетрани политики за ублажување на инфлацијата. Основната каматна стапка си останува на ниво од 1,25 проценти, а износот на благајничките записи на 10 милијарди денари одлучи НБРМ. Ова се двата главни инструменти кои НБРМ ги превзема, за одржување на ценовната стабилност.

„Основната каматна стапка е соодветнa на тековните економски и финансиски услови, при што беше одлучено таа да остане на нивото од 1,25%. Во отсуство на притисоци од страната на побарувачката, умерените нагорни придвижувања на инфлацијата засега произлегуваат од фактори на страната на понудата. Засега не се оценува потреба од монетарна реакција“, наведоа од Народната банка.

Цените заклучно со септември пораснале за 2,8 насто. Растот според НБРМ се должи со зголемувањето на примарните производи на светските берзи.

„Во периодот јануари ‒ септември, во просек годишниот раст на цените изнесува 2,8%. Позначителен придонес кон растот се забележува од категориите на домашните цени коишто се поврзани со движењата на цените на примарните производи на светските берзи, како и од одредени фактори специфични за пандемиската криза, а во услови на олабавување на рестриктивните мерки“, додаваат од Народната банка.

На почетокот на следниот месец НБРМ се очекува да ја ревидира првично проектираната стапка на инфлација од 2,2 проценти за годинава. Сепак оттаму уверуваат дека растот на инфлацијата ќе биде умерен.

Андреа Чобанова

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button