
Cе вжештија муабетите за ново континентално натпреварување кое би започнало под покровителство на НБА. Прво, НБА и ФИБА Европа ги започнаа разговорите, но сега во приказната се приклучува и Евролигата.
Отпрвин се чинеше дека НБА и ФИБА сакаа да ја заменат Евролигата и да воспостават натпреварување кое во прв момент ќе биде пандан на Евролигата, а потоа целосно да го заменат. Сепак, како што информираат медиумите, во разговорите е вклучена и Евролигата и многу е можна тројна средба на трите организации.
Интересно е тоа што ФИБА дала лесна согласност на приватен субјект од САД да влезе во Европа, додека е во сериозен и долгорочен конфликт со Евролигата. Сепак, ФИБА неколку пати изјави дека целта е аранжманот да биде идеален за сите кошаркари и сите заедно да работат за да го постигнат тоа.
Во меѓувреме, Евролигата почнува нова етапа од својата историја од следната сезона со воведување на еден вид селари кеп.