

Алсат
02.07.2020 15:51
Планираните натпревари во НБА, што ќе се одржат во Орландо, од 31 јули, ќе чинат околу 150 милиони долари. Сето ова за 22-те екипи да имаат максимални услови да ја затворат прекинатата сезона, поради пандемијата со „Ковид 19“. Вкупно 1.500 лица ќе бидат сместени во „Дизниленд“ во Орландо, додека натпреварите ќе се играат во 3 спортски сали, a 7 други ќе бидат искористени за тренинг на екипите. Планирани се бројни тестови за „Ковид 19“, а секој што ќе излезе со позитивен резултат, веднаш ќе биде изолиран. Според проценките, НБА ќе изгуби 1 милијарда долари, иако ќе ги продаде телевизиските права од плеј-офот.