ЕКОНОМИЈА
Повисока камата на благајничките записи, се очекува раст на каматите на кредитите

Народната банка ја активираше монетарната политика за ублажување на стапката на инфлација која во март достигна 8,8 проценти. За 0,25 процентни поени се зголемува каматната стапка на благајничките записи. Од НБРМ посочуваат дека реакцијата доаѓа поради очекувањето дека поскапувањата ќе продолжат. Со зголемувањето на основната каматна стапка се очекува и благо зголемување на каматите на сите кредити.