ВЕСТИЕКОНОМИЈА

НБРМ очекува повисока инфлација од проекцијата на Владата

Според Народната банка, Македонија се очекува годината да ја заврши со стапка на инфлација од 9,5%. Овој извештај може да се смета како студен туш за Владата затоа што со месеци и премиерот Ковачевски и министерствата за финансии и економија, тврдеа дека годинава ќе заврши со просечна инфлација под 6%.

Advertisements

Но, се чини гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска го намали овој оптимизам на власта давајќи значително повисок број. Со укинувањето на мерките за замрзнување на цените на 31 декември и ако во меѓувреме не се преземат други мерки, постои ризик од 1 јануари цените на прехранбените производи повторно да почнат да растат и повторно да дојде до покачување на инфлацијата.

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, тврдаи дека своите прогнози власта ги темелела на официјалните податоци од Државниот завод за статистика. Според него, просекот не е некоја чиста цифра, како што велат од Народна банка, бидејќи и двете верзии се проекции. Битиќи тврди и дека толкувањата биле различни.

„Инфлацијата не се победува за еден ден и не можеме да ја видиме, па затоа велам дека да се зема само основата на инфлацијата, било од новинарите или премиерот кој се осврна, како што и јас, зборуваме за различни стапки на инфлација. Стапката на инфлација во последниот месец е 3,5%, но не се разликува од она што го велам дека просечната стапка на инфлација во 2023 година, ќе биде многу повисока од оваа бидејќи од јануари до јуни имавме двоцифрени стапки на инфлација“, рече Битиќи.

Во извештајот на Советот на Народната банка, се вели дека инфлацијата забавила во октомври на 3,5% за тој месец, а од јануари до октомври просекот бил 10,7%. Според нив, инфлацијата во 2024 година значително ќе се намали во просек до 4%, а во 2025 година приближно ќе биде 2%.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button