Не е познато дали приватните компании ќе можат да ги условат своите вработени да мора да се вакцинирани

Рестриктивните мерки ќе стапат на сила на 16 август и ќе се забрани влез на невакцинирани во угостителски објекти и хотели, но не е познато дали истиот чекор може приватно да го преземат компаниите за нивните вработени. Многу бизнисмени и приватни бизниси ги предупредуваат своите работници да се вакцинираат што е можно поскоро, за да не се прошири новиот делта сој на корона вирусот. Кругот на слободно движење за граѓаните кои не се имунизирани против коронавирусот се стеснува, но се уште нема одлука за забрана за влез на невакцинирани во јавни институции или приватни фирми.
„Сојузот на синдикатите на Македонија вели дека работодавачите немаат законско право да ги обврзуваат своите работници да бидат вакцинирани, но апелираат доброволно да разберат и сите работници кои се ангажирани во приватниот и јавниот сектор, да бидат вакцинирани во корист на колективното здравје. “
Од синдикатот велат дека работодавачите наместо да ги условуваат работниците треба да ги стимулираат со почитување на нивните права, но без да го загрозат здравјето на другите. Слободан Трендафилов рече дека приватните фирми наместо да им даваат платени слободни денови на денот кога нивните работници треба да се вакцинираат, тие ги притискаат да не се вакцинираат во работно време, и тоа не им остава простор на работниците да ги најдат пунктовите за вакцинација отворени откако ќе завршат со работата.
Инаку, од Стопанската комора на северозападна Македонија велат дека компаниите можат да побараат од нив, но не и да ги принудуваат работниците да се вакцинираат. Вакцинацијата против корона вирусот, според нив, се прави на доброволна основа и нема да дозволат тоа да биде задолжително од бизнисмените. Во врска со појавувањето на новите видови вируси и заострувањето на мерките, според Стопанската комора тоа ги става и бизнисите во неизвесност како резултат на пандемијата и предлагаат да има зголемена контрола од страна на Државниот инспекторат за труд, за да се спречи ширењето на вирусот, но во никој случај да не се дозволи и целосно затворање.
Adna Qaili