ВЕСТИЗДРАВСТВО

Не е прашање дали, туку кога ќе се случи нова пандемија, предвидува директорот на СЗО

Во иднина неизбежно ќе се појави нова пандемија. Затоа Меѓународната заедница треба да се подготви да одговори на таа закана, соопшти генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Геберејсус во видеообраќање на платформата Икс, поранешен Твитер.

Advertisements

„Следната пандемија не е прашање дали, туку кога ќе се случи. Не можеме да си дозволиме да ги повторуваме грешките од минатото. Затоа земјите-членки на СЗО преговараат за нов договор во врска со пандемијата и измените на Меѓународните здравствени регулативи, со цел да се зајакне правната рамка за глобален одговор на пандемии“, вели Тедрос во видеото објавено на „Икс“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button