ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Не очекува долго топло лето, африканскиот бран ќе започне од следната недела

Не очекува долго топло лето, африканскиот бран ќе започне од следната недела

Ова лето се очекува да биде значително потопло и посуво во споредба со претходните години. Според метеоролозите, постои многу голема веројатност за надминување на долгогодишните просечни температури. Зголемувањето на температурите може да достигне и до плус 3 степени повисоки од просекот. Најголемото отстапување од просечните температури се очекува во месец јули.

Advertisements

Дневните температури ќе почнат да растат од овој викенд, а на почетокот од јуни се очекува дневните температури да достигнат до 35 Целзиусови степени.

Во високите планински подрачја, според метеоролозите, постои голема веројатност просечните врнежи да бидат над нормалата, поради можна појава на интензивни врнежи.

Линда Ебиби

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button