Не постојат правила кога ќе дојде човекот на вашиот живот


Алсат
06.05.2020 08:36
Не постојат правила на привлекување кога станува збор за наоѓање на љубовта на вашиот живот. Сите ние растеме со некаква идеја за тоа како треба да изгледа тој или таа, какви особини треба да поседува, со кого треба да се дружи, каде ќе работи, семејството ќе мора да го прифати, а вас неговото/нејзиното да ве обожава.
Кога сме помлади цврсто се држиме до зацртаните правила и ставови оти тоа е правилно. Како созреваме, така полека ставовите се менуваат и стекнуваме нови што е сосема нормално. Перцепцијата за пронаоѓање љубов до некаде се менува и адаптира, но сепак останува иста со запознавањето рандом луѓе, за кои мислите дека имаат потенцијал, но потоа сфаќате дека не е ништо посебно таа врска и оти нема иднина, иако се вклопува во замислените параметри за совршен партнер. Тоа се случува се додека не дојде човекот на вашиот живот и не ве привлече со сиот животен магнетизам кој го поседува, а н кој вие не можете да одолеете.
И на почеток давате отпор кон себе и кон него, бидејќи не сакате да си признаете дека тоа се коси со сите ваши принципи. Но како поминува времето, вие не можете да престанете да мислите на другата личност, ве обзема целосно, а самата идеја дека сте заедно прави да ви поминат морници по телото кои не сакате да престанат.
Тој/таа не е ниту визуелно, а ниту физички тоа што отсекогаш сте го посакувале или замислувале како човекот на вашиот живот, но сепак го движи целиот ваш свет во тој момент.
И веќе не важно какво му е друштвото, местото каде работи(важно е само дека работи и е сака да го прави тоа), семејството и сите фактори кои претходно играле некаква улога. Тоа што е единствено важно е дека вие постоите еден за друг и дека го гледате изгревот на вистинска љубов која знаете дека сте ја чекале целиот ваш живот.