ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Не се реализирани 80% од Декларацијата на албанските партии од 2016

Не се реализирани 80% од Декларацијата на албанските партии од 2016

Најголемиот и најважниот дел од заедничката декларација на албанските партии потпишана во Тирана во декември 2016 година остана нереализиран. Всушност, овој документ не може да се најде ниту на веб-страниците на албанските партии кои ветија дека ќе го спроведат. Од точките може да се каже дека до половина е имплементиран само вториот став од првата точка со кој се бара албанскиот јазик во Уставот да биде официјален. Но, Уставот и натаму албанскиот јазик го наведува како јазик кој го говорат 20% од населението.

Advertisements

„Постигнување целосна јазична еднаквост, употреба на албанскиот јазик на сите нивоа на власта и гарантирање на неговата употреба како основно и уставно право. Уставот на Република Македонија треба да определи дека „македонскиот јазик со кирилското писмо и албанскиот јазик со неговото писмо се официјални јазици во Република Македонија“, се вели во Декларација на албанските политички партии во Република Македонија.

Од декларацијата се роди само Министерството за политички систем, но неговите цели оставаат далеку од реализација. И организирањето на тркалезните масите на албанските партии поради бојкотите стана причина за кавги меѓу партиите. Нечепнати останаа точките кои директно се за благосостојбата на граѓаните Албанци и нивна рамноправност. Меѓу точките се и следниве:

Декларација на албанските политички партии во Република Македонија

– Реализација на правична застапеност во безбедносните, воените, разузнавачките и правосудните органи.
– Целосно расчистување на предметите и судските процеси како „Сопот“, „Бродец“, „Монструм“ и „Куманово“ преку истражна комисија или независен меѓународен орган.
– Преземање на афирмативни мерки за обезбедување на финансирање на албанските културни институции на локално и централно ниво.

Аналитичарот Арсим Синани вели дека албанските партии мора да сносат одговорност за неуспехот.

„Жал ми е што треба да кажам дека 80% од оваа програма не е реализирана и некој мора да одговара зошто Албанците во Македонија се во оваа мизерна политичка и културна состојба“, изјави Арсим Синани, аналитичар.

Со неспроведувањето на заедничката изјава и немањето одговорност на албанските партии, Синани додава дека средбата пред неколку дена во Тирана била повеќе како платено медиумско шоу.
„Ќе се осврнам на потпишаната изјава: Албанските политички партии во Северна Македонија ќе мора да ја спроведат оваа програма, но јас сум скептичен затоа што ова беше повеќе медиумско шоу за да се задржи ставот на Ајвар групата во ДУИ претставена од Артан Груби отколку да се реализира политичките цели на Албанците во Северна Македонија“, рече Арсим Синани, аналитичар.

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button