ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Не се знае кога Скопје ќе му го одземе државјанството на Онишченко

Не се знае кога Скопје ќе му го одземе државјанството на Онишченко

Нема конкретен рок кога Владата ќе му го одземе државјанството на прорускиот олигарх Олександар Онишченко. Според премиерот Димитар Ковачевски, истрагата ќе треба да докаже во кои ситуации Онишченко го прекршил членот 14 од Законот за државјанство. На затворената седница на Владата, директорот на АНБ ја објаснил целата процедура, но бидејќи средбата била од затворен карактер, информацијата не може да се сподели со јавноста.

Премиерот ја повика собраниската Комисија за надзор над работата на АНБ и Агенцијата за разузнавање да се вратат на работа, а МВР да истражи како се случи затвореното излагање на Димовски во Комисијата да се пренесува во живо на Јутјуб.

Владата во средата одлучи да започне постапка за одземање на државјанството на Онишченко, кому истата оваа Влада во мај годинава му го додели. Директорот на АНБ, Виктор Димовски, минатата недела реферираше во Собранието за постапувањето на институцијата што ја води во однос на барањето на државјанство на Онишченко. Иако АНБ сè уште не излезе со официјален став, неофицијално се дознава дека најмалку двајца вработени од оваа агенција се суспендирани од работа./Alsat.mk

Адријан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button