ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Не се знае кога телата на починатите ќе бидат транспортирани во Македонија

Откако Обвинителството вчера ги предаде ДНК анализите од роднините на починатите на бугарското обвинителство, сè уште трае процесот на идентификација на починатите. Во зависност од ова, ќе се знае и кога останките од починатите ќе бидат транспортирани во земајва. Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска изјави дека во постојана комуникација е со бугарското МНР и оти не го знае точниот датум за тоа кога ќе бидат транспортирани останките на починатите во пожарот на автобусот на „Беса Транс“, а тоа се очекува идната недела. Османи рече дека денеска ќе комуницира со семејствата на починатите за тоа околу нивните очекувања за транспортот на телата на нивните роднини.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button