Не се знае во каква форма ќе се одржи наставата во новата учебна година

Иако нема одлука од Министерството за образование за тоа кое од трите најавени сценарија ќе се примени на почетокот на новата учебна година, училиштата веќе ги подготвуваат трите сценарија одобрени од Владата. Станува збор за три методи; целосно отворени училишта, од прво до четврто одделение со присуство, а другите онлајн, како и последното сценарио една недела настава, една недела онлајн. Алсат го посети основното училиште „Бајрам Шабани“ во селото Кондово во општина Сарај, каде што објектот беше дезинфициран и исчистен.
„Конечната одлука сигурно ќе биде близу до учебната година, но ние како училиште имаме обврска да се подготвиме од двете страни, и за физичко образование и за онлајн настава. Во однос на наставата со физичко присуство, направивме тотална дезинфекција на училиштето. Како што се бара, нашето училиште користи три влеза, во секој од нив има одговорно лице кој ќе ја измери температурата и ги дезинфицира рацете“, рече Менсур Јакупи, директор на ОУ „Бајрам Шабани“, Кондово.
Директорот Менсур Јакупи исто така рече дека наставниците веќе завршуваат со регистрација на предметите на платформата „Тимс“, во случај наставата да започне онлајн.
„Секој наставник ако сака да биде поблиску до работата, кога ќе започне учебната година, да нема пречки, може да направи подготовки отсега, може да ги стави предметите за секој ученик на платформата. Сепак, ова целосно ќе зависи од Комисијата, иако се стваат предметите, не значи дека наставата ќе биде онлајн додека не дојде конечна одлука од Министерството за образование. Ова се само предподготовки на наставникот“, изјави Менсур Јакупи, директор на ОУ „Бајрам Шабани“, Кондово.
Пред неколку дена, Министерството за образование објави дека новата учебна година 2021 – 2022 ќе започне на 1 септември, но без да прецизира кое од трите најавени сценарија ќе биде применливо. Од оваа институција исто така рекоа дека досега се вакцинирани околу 60 проценти од образовниот кадар.
Мелихате Рустеми