Не успеа купувањето на градски автобуси во Тетово

И покрај многуте ветувања, жителите на Тетово треба да почекаат уште неколку месеци за евентуално тогаш да ги видат урбаните автобуси на градските улици. Првиот повик за набавка на пет вакви возила со еколошки стандарди, не успеа. Според претседателот на општинскиот совет, причината била несоодветното комплетирање на документацијата за пријавување.
Општина Тетово е во процес на отворање на повик за набавка на автобуси бидејќи првата набавка пропадна, некои од компаниите не ги исполнија критериумите. Постапката ќе се повтори и понудите се очекуваат до 13-ти овој месец“-изјави Беким Мемети, Претседател на општинскиот Совет.
Од друга страна, претпријатието за јавен превоз продолжува да работи, иако во Тетово нема градски превоз.
Но и покрај тоа што автобусите сè уште ги нема, нивните станици за чекање веќе започнаа да се поставуваат и внатре и надвор од градот. 40 ќе бидат поставени за чекање.
Жителите се скептични дека Тетово може да добие јавен превоз во скоро време.
„Ќе бидат направени во иднина, ако работат. Ако не работат, нема да бидат готови.“
„Можеби и некогаш ќе ги направат, но не наскоро. Некогаш ќе го сторат тоа. За лажење, нè убија од лажење, но ние веруваме во тоа, ќе го сторат тоа кога ќе дојдат избори или по изборите.“
„Автобуси, имаме многу автобуси. Но, кога тие ќе посакаат, тогаш тие ќе ги донесат. Сега не.“
Општина Тетово досега двапати основаше општинско претпријатие за јавен превоз и ветуваше дека автобусите, кои треба да се набават со пари од Светска банка во износ од 72 милиони денари ќе пристигнат пред последните избори.
Башким Сулејмани