ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Небиу: Владата ќе се обиде да го зголеми рејтингот наредната година

Небиу: Владата ќе се обиде да го зголеми рејтингот наредната година

Аналитичарот Бесим Небиу во „Патот кон“, рече дека одлуката за предвремени избори ја носат само Владата и коалициските партнери. Иако лани немаа многу проекти, следната година изгледа ќе почнат со многу енергетски, социјални иницијативи и проекти.

Advertisements

“Одлуката за тоа дали ќе има предвремени избори, или не, ја нема г. Мицкоски, туку Владата. Значи, премиерот и коалициските партии и тие се изјасниле дека нема да има, или дека ќе има кога ќе одлучат тие. Мнозинството е такво што не може да биде многу сигурно, но е над 63, и како такво гарантира дека преку институциите може да функционира Парламентот до тој момент кога партиите во Владата ќе одлучат. Проблемот е, се разбира, дека тие минатата година немале многу проекти, немале многу политичка иницијатива. Сега се најавува нова фаза на делување, можеби ќе се потрудат оваа последна година да ја искористат за повеќе иницијатива. Оваа недела, видовме дека имаше проект за реформи во здравството и за изградба на болничките центри, особено во Скопје и во шест други градови. Потоа има проекти за енергијата, енергетски проекти, социјални проекти“ изјави аналитичарот  Бесим Небиу./Алсат.мк

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button