ЕКОНОМИЈА

Недановска: Шпаркасе за 2025 година планира инвестиции во секторот бизнис и дигитализација со цел поддршка на локалната економија

Потпретседателката на Управниот одбор на Спаскасе банка, Нина Недановска, по повод заедничкиот состанок на групацијата „Ерсте инвестмент“, организиран од „Ерсте банка“ и Шпаркасе банка, изјави дека со Шпаркасе банка продолжува да ја поддржува нормализирање на монетарните политики во Северна Македонија, особено по стабилизирањето на инфлацијата во земјата. Според Недановска, за 2025 година Шпаркасе планира инвестиции во секторот бизнис и дигитализација со цел да ја поддржи локалната економија.

Advertisements

„Со оглед на тоа што Шпаркасе банка е една од петте водечки банки во земјава, нашите стратешки планови за раст во сите сегменти се големи и нашата цел е трендот на раст на пазарот да продолжи да се зголемува во секој можен економски сегмент. Нашата 5-годишна стратегија за раст предвидува инвестиција од 65 милиони евра во дигитализација и инфраструктура. Ова ја докажува нашата посветеност на силно партнерство со граѓаните, бизнисите и економијата на нашата земја“, рече меѓу другото Недановска, потпретседател на Управниот одбор на Шпаркасе банка.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button