ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Недостатоци во новиот наставен концепт за прво и четврто одделение

Првата година од стартот на новиот наставен концепт за прво и четврто одделение од основното образование е проследена со бројни недостатоци. لعبه روليت Во истражувањето спроведено од Здружението ЗМАИ и Фондацијата Отворено општество, се истакнува недостатокот на компјутери, таблети и интернет во училниците, недоволен број асистенти за учениците со попречености и немање задоволителна инфраструктура за учениците. Во ова истражување е претставена и потребата од печатени книги паралелно со дигиталните. bet365.com

Advertisements

Во истражувањето се наведува дека на учениците кои посетуваат настава по македонски јазик, а доаѓаат од помалите етнички заедници, им треба повеќе време да се прилагодат на наставната програма. Недостига и квалификуван кадар кој го зборува јазикот на етничките заедници. تعلم لعب البوكر Некои од наставниците кои беа вклучени во ова истражување оценуваат дека наставната програма за прво и четврто одделение е на повисоко ниво во однос на возраста на децата и нивниот развој.

Препораките кои произлегоа од истражувањето велат дека новиот наставен концепт е добра основа која дава рамка за тоа како треба да се имплементира и развива образовниот процес кај нас, но оти треба многу да се работи за тој да биде целосно имплементиран во пракса. Истражувањето било спроведено во 48 училишта во 11 општини Василево, Валандово, Велес, Карбинци, Куманово, Сарај, Горно Нагоричани, Студеничани, Центар Жупа, Чучер Сандево и Шуто Оризари, односно места кои се специфични зашто наставата во нив се одвива и на јазиците на другите заедници.

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button