ВЕСТИЗДРАВСТВОМАКЕДОНИЈА

Недостиг на кадар и расипана опрема за операции во кумановското ОРЛ одделение, пациентите чекаат помош

Наместо да оди на училиште, Лавдрим треба да талка по вратите на болниците. Проблемот со грлото веќе два месеца го спречува да оди на училиште 9-годишното момче долго време чека за лекарска помош, која не ја доби кога му била најпотребна. Болеста со крајниците му предизвика секундарни проблеми, бидејќи веќе две години е на антибиотска терапија, стои во лекарскиот извештај.

„Ме болеа многу крајниците бидејќи имав воспаление. Кога излегував да играм и кога се враќав дома ме болеа нозете. На училиште ме прашуваа зошто сум отсутен, дали се опоравив од крајниците? Јас велев да!“, вели Лавдрим.

Неговиот родител Јасер вели дека на Одделението за ОРЛ во Куманово не го сметаат ова како итен случај и освен терапија со лекови не нудат подетален преглед. Вели дека му го трујат синот со апчиња и специјалистите не го земаат предвид упатството на матичен лекар да му направат хируршка интервенција.

“Има проблем со крајниците, го боли грло и често сме принудени да одиме на лекар и не ни даваат можност да одиме во Скопје. Лекарите сега го погледнаа на ОРЛ и рекоа дека нема потреба да ги вади, но пред 10 дена кога го носев на матичен лекар му даде антибиотска терапија. Долго време зема антибиотици како Амосиклав и Сумамед и има многу отсуства од училиште“, вели таткото на Лавдрим.

Причината поради која на одделението за ОРЛ има толку долга листа за чекање за детални лекарски прегледи, според управата на болницата во Куманово е што долго време тоа одделение е ковид центар. Во случајот на Лавдрим, специјалистот не дава упат за операција на Државната клиника во Скопје, но иако со години прима лекови, проблемот не му е решен. Според директорката Снежана Захариева, децата на Клиниката не можат да се оперираат со целосна анестезија бидејќи е расипан апаратот кој ја следи реанимацијата.

Според раководството на болницата, капацитетите на сите одделенија за навреме да ги опслужуваат сите пациенти од североисточниот регион на државата се ограничени. Исто така проблем е и недостигот на нов медицински персонал, бидејќи од сегашниот многумина се пред пензија. Во оваа ситуација страдаат пациентите, на кои нивната здравствена состојба се влошува поради долгите чекања за лекување.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button