ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Недостиг на книги за средно стручно образование

За десетина предмети во среднто стручното образование нема учебници. Директорите и наставниците се жалат дека е многу тешко за реализација на стручните предмети, особено на новите профили кои веќе три години се одобрени од Секторот за образование.

„Имаме околу 19 предмети кои се од машински области, а има само три книги од кои предаваат наставниците. А во насоката електро има само една книга, а има 11 предмети што се изучуваат. Во практичната настава досега немало ниедна книга иако таму има 9 предмети. Во новите профили од прва, втора и трета година немаме книги, немаме алатки“, вели Зекирија Зекири, “Боро Петрушевски“.

Аделон Ајдини предава шест стручни предмети за сообраќај и шпедиција. За ниеден предмет од нив нема книга. Часот го организира со давање белешки на учениците и преведување материјали од други јазици.

„Обично собираме материјали што ги имавме на факултет и од интернет. Ако за секој предмет имаат книга, секако дека ќе биде многу полесно за учење. Ако ги имаме книгите, ќе имаме поголема интерактивност меѓу ученикот и професорот, ќе обработиме одредена тема, а не поголем дел од часот да ни минува со пишување белешки“, вели проф. Ајдини.

Учениците се жалат дека губат многу време додека обезбедуваат материјали на интернет.

„Понекогаш ги немаме сите информации запишани во тетратката и мораме да бараме на Интернет или во друга книга. Не можеме да научиме само од тетратката со белешки“…

„Треба да преведеме некоја лекција за да ни биде појасно. Се случило во некои случаи, од македонски на албански или од англиски и така“, велат учениците.

Министерката за образование Мила Царовска рече дека во тек е подготовката на учебниците за стручно образование. Според Царовска, ќе се обезбедат книги за предмети кои се неопходни. За одредени предмети училиштата веќе добија инструкции од Центарот за стручно образование како да го одржат часот.

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button