ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Недоволната подршка од државата е главна причина што младите во Македонија, многу тешко се одлучуваат да отпочнат сопствен бизнис

Недоволната подршка од државата е главна причина што младите во Македонија, многу тешко се одлучуваат да отпочнат сопствен бизнис

Недоволната подршка од државата е главна причина што младите во Македонија, многу тешко се одлучуваат да отпочнат сопствен бизнис, иако има успешни примери. И оние кои сепак се одлучиле на таков чекор, велат дека се соочуваат со голем број на препреки на патот до успехот.

Advertisements

„Има потешкотии и има препреки во однос на тоа кога не знаете каде да се обратите, кога не знаете, кој е патот кој треба да го изодите за да стигните до некаде, каде и како да се регистрирате. Би рекла дека државата си има поинакви интереси во моментот, други работи поважни. Неможам да кажам дека нема помош и подршка, меѓутоа тоа е незначително што нас би ни требало. Недостигаат голем број на системски решенија и олеснителни околности“, рече Марта Пејоска-сопственик на галерија на накит и филиграни.

„Треба поголема подршка. Има програми во Агенција за вработување, во Фонд за иновации и развој, каде можеш да аплицираш за грант, но многу повеќе може да се направи. Да има кредити кои би биле многу поволни за младите претприемачи, повеќе грантови, повеќе помош“, рече Томе Укоски-сопственик на компанија за дигитален маркетинг.

Сериозен проблем се долгите и сложени адиминитративни процедури.

„Најнепознато нешто за нив се бирократските работи, како да отвориш фирма, каде да пријавиш. Има примери каде заглавуваат и не по неколку месеци, туку подолго и од година и верувам дека не кај секого истрајноста е на такво ниво, да речи дека вреди и две и три години да го терам тој процес, за да дојдам до првичното за потоа да работам на бизнисот. И тоа е многу голем предизвик за нив“, додаде Јован Цветкоски- раководител на младински центар Охрид.

Сметаат дека е потребно ревидирирање на сите стапки кои малите бизниси и стартпати ги плаќаат на месечно ниво, но и добивање одредени субвенции. Како позитивен пример ја посочуваат Естонија, каде од земја со најголем одлив на мозоци, сега е држава каде поради одредени мерки и олеснителни околности, младите се враќаат назад дома и отвараат свои бизниси. Во Охрид беа презентирани успешни бизнис приказни, со цел младите да се инспирираат да започнат свој бизнис./Алсат.мк

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button