МАКЕДОНИЈА

Неексплодирана рачна бомба пронајдена на улица во Демир Капија

Неексплодирана рачна бомба вчера била пронајдена на улица во Демир Капија, соопшти денеска Центарот за управување со кризи (ЦУК), од каде што додаваат дека по интервенцијата на надлежните бомбата била безбедно подигната и отстранета.

Advertisements

Според известувањето на Регионалниот ЦУК – Велес информацијата дека на улицата „Партизанска“ број 1 во Демир Капија е пронајдено неексплодирано убојно средство (НУС) била добиено вчера попладне во 13:05 часот, преку единствениот број за итни случаи – 112.

Од страна на Центарот за управување со кризи веднаш биле информирани полициската станица Неготино и подрачните единици на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) во Неготино и Гевгелија.

Бомбата била подигната и отстранета од пиротехничар околу 16 часот.

„Во 16:15 часот, опасното неексплодирано убојно средство (НУС) е безбедно подигнато, отстрането од страна на пиротехничар, а се работело за неексплодирана рачна бомба“, се наведува во информацијата на ЦУК.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button