ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Нефи Усеини, поранешен советник од ДУИ денес заработи обвинение за бесправно градење

Нефи Усеини, поранешен советник од ДУИ денес заработи обвинение за бесправно градење

Контроверзниот бизнисмен од Охрид и поранешен советник од редовите на ДУИ, во охридскиот градски совет, Нефи Усеини, денес заработи обиненине за бесправно градење заедно со уште едно друго лице. Ова го потврдија за Алсат, од Основото јавно обвинителство. Од таму велат дека осомничените на возраст од 49 и 48 години, како соизвршители, на 27.07.2023 година започнале да градат објект на нивно земјиште, без одобрение за градба издадено од надлежен орган.

Advertisements

„На постоечкиот објект во центарот на Охрид изградиле доградби од северната страна, во сутеренот, приземјето и на катот, проширувајќи ги со армирани бетонски плочи и столбови, по што продолжиле да го надградуваат објектот со две армирано бетонски плочи со кои ја зголемиле неговата катност. Против прво обвинет во овој предмет се води судска постапка за уште едно бесправно градење во центарот на Охрид“, велат од ОЈО Охрид.

Градежниот инспектор донел решение за отстранување на градбата и затворање на градилиштето, но истата продолжила да се гради. Стануваше збор за објекти од историско значење и афтентичен изглед,но на локацијата за кратко време никна зграда. Усеини не сакаше да ги коментира ваквите обвинувања. За него во Основниот суд во Охрид, веќе се води судска постапка за објект, кој работи како пицерија, на државно земјиште кај охридскиот чинар во строгиот центар на градот, за која ЈО во 2022 година подигна обвинеие. Тогаш тој тврдеше дека не градел туку само реновирал угостителски објект кој е негов 15 години и оти не станувало збор за дивоградба.На почетокот на јануари 2023 година, Усеини си поднесе оставка од советничкото место, во Советот на Општина Охрид, како претставник на ДУИ, како што тогаш рече од лични причини. Името на Нефи Усеини беше актуелно и пред неколку години, кога се спроведуваше акцијата за отсранување на бесправно изградени објекти, поради статусот на УНЕСКО. Таква беше бетонската база на влезот на Охрид, за која беше издадено решение за уривање со забелешка дека се работи за нелегално изграден објект. Но Усеини сам почна да ја урива во јули 2020. Исто така тој беше и во 30 дневен притвор, откако беше обвинет дека заедно со неговиот брат Ибро, натепале охриѓанец.Беа пуштени со кауција од 850.000 евра.Неговите фирми често пати се поврзуваа со добивање на тендери кои ги распишуваше и јавните претпријатија. Усеини е претседател на локалниот огранок на ДУИ во Охрид./Алсат.мк

Мики Трајковски

 

 

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button