СПОРТФУДБАЛ

Негативен рекорд во Премиер Лигата, прв пат од сезоната 1997/98

Прв пат од сезоната 1997/98. се случи сите три екипи кои обезбедија промоција во Премиер Лигата претходната сезона, веднаш да испаднат во Чемпионшип.

Advertisements

Шефилд јунајтед, Барнли и Лутон играа само едно лето меѓу англиската фудбалска елита. Трите екипи кои минатата пролет изборија промоција во Премиер Лигата веднаш испаднаа во Чемпионшип.

Последен пат ваков удар за Чемпионшип се случи во сезоната 1997/98. Тогаш Кристал Палас, Болтон и Барнсли минаа само една сезона во елитната лига на англискиот фудбал. Сепак, меѓу двете сезони веќе имаше сериозни навестувања дека вакво нешто може да се случи.

Трите екипи кои влегоа во Премиер Лигата и според обложувалниците беа најсериозни кандидати за испаѓање. Таа прогноза Шефилд Јунајтед ја оправда практично на половина од сезоната. Барнли, кој минатата сезона го освои шампионатот, остана во игра малку подолго, а Лутон се надеваа до последното коло. Сепак, Лутон мораше да победи и да го чека поразот на Нотингем Форест од Барнли. Вакво сценарио не се случи.

Порака до Лестер, Ипсвич, односно Лидс или Саутемптон кои во финалето на плејофот ќе се борат за Премиер лигата, дека мора многу сериозно да го сфатат претстојниот период бидејќи јасно е дека тие се тимовите со најголеми шанси за испаѓање.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button