ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Неисполнетите ветувања на Заев, како што беа за правда, се одразија на исходот на локалните избори и следствено на заминувањето на Заев, вели аналитичарот Петар Арсовски

Fatlume Dervishi

Advertisements

Неисполнувањето на дел од ветувањата со кои Заев дојде на власт, според аналитичарот Петар Арсовски, е една од причините што довеле до негово заминување. Меѓутоа, влијание имаа и други прашања.

Арсовски вели дека оставката како морален чин треба да ја следат и други политичари.

По четири и пол години на чело на Владата, Зоран Заев повеќе не е премиер. Владата на Заев ја презеде функцијата на 31 мај 2017 година, по парламентарните избори во декември 2016 година и долгиот процес на конститутивната седница на Собранието која кулминираше со настаните од 27 април.

Веднаш по преземањето на функцијата, во август 2017 година, Владата на Заев го потпиша Договорот за пријателство и добрососедство со Бугарија и во јуни 2018 година Договорот од Преспа.Со  Преспанскиот договор се означи крајот на повеќедеценискиот спор меѓу Скопје и Атина и го отвори патот за членство во НАТО. Земјата стана полноправна членка на Северноатлантската алијанса, но не успеа да добие датум за почеток на преговорите со ЕУ, поради нерешениот спор со Бугарија.

Како достигнувања во неговиот мандат, актуелната влада го сметаше и донесувањето на законот за употреба на јазиците, иако неговата целосна имплементација виси. Пред доаѓањето на власт, Заев вети меѓународна истрага и целосно расчистување на монтираните случаи и некои други судски случаи, што не се случи, реизбор на обвинители и судии и неселективна правда, но и тоа не се случи. Тој вети дека ќе ги намали борјот на институциите и органите на државната управа и ќе го намали бројот на ресори и министри, ниту тоа не се оствари.

Поранешниот премиер веќе неколку дена не е ниту на чело на СДСМ чиј лидер е од 2013. Заев беше пратеник од 2003 до 2005 година и градоначалник на Струмица во три мандати од 2005 до 2016 година.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button