ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Неизвесен изборот на членовите на советот на Агенцијата за медиуми

Неизвесен изборот на членовите на советот на Агенцијата за медиуми

И понатаму виси изборот на членовите на советот на Агенцијата за медиуми, кои на 29 јануари годинава добија зелено светло од Комисијата за избор и именувања. Гласањето на седумте предложени членови во моментов останува нејасно бидејќи парламентарното мнозинство не обезбеди 2/3 од гласовите и бадентерово мнозинство. Последен пат кога оваа точка беше на дневен ред на пленарна седница воопшто не се расправаше. Прашавме кога планира претседателот Гаши да го стави на дневен ред, но не добивме одговор. Од друга страна, Европскиот фронт продолжува да инсистира на тоа дека нема да гласа за нив поради нивната политичка заднина.

Advertisements

„Се изјаснивме дека нема да поддржиме таков предлог што е спротивен на законот. Законот е таксативно набројува кој може да биде член на советот. Ова е првиот елемент, а вториот елемент е дека парламентарното мнозинство нема бадентер и забелешките на Европскиот фронт од почетокот беа дека оваа Влада е штетна за развојот на државата бидејќи се појавува како блокатор на напредокот на процесите“, рече Елми Азири – Европски фронт.

Една од кандидатките, Нафије Селмани, објави потврда за медиумите дека никогаш не била на партиска функција во Алтернатива, иако била кандидат за пратеник на последните парламентарни избори. Лидерот на оваа партија Зеќирија Ибрахими вели дека ниту еден од кандидатите не е чист и без никаков политички багаж.

„Сепак, ние сме мала земја и прилично мало општество, така што не можеме да тврдиме апсолутна чистота на личности кои аплицираат од кое било минато со каква било политичка историја. Она што е важно е оние кои ќе бидат избрани да ги исполнуваат условите за конкурс кои се дадени“, рече Зеќирија Ибрахими – лидер на Алтернатива.

И токму поради нивните политички заложби Антикорупциската комисија неодамна отвори предмет, но засега нема конкретен заклучок

„Имајќи го во предвид бројот на лицата за кои е пристигната претставката, во тек е обезбедување на потребната документација и по утврдување на фактичката состојба, ќе биде донесена одлука на јавна седница која ќе биде објавена на веб страницата на ДКСК“, велат од Антикорупциска.
Меѓународниот фактор повикаа членовите на советот на Агенцијата за медиуми да бидат професионални и независни. Европската унија будно го следи процесот на селекција и апелира кандидатите да бидат избрани во согласност со утврдените критериуми, а особено да ги поседуваат потребните компетенции и искуство, соопшти делегацијата на ЕУ./Алсат.мк

Зекирија Хаџиу

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button