ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Нејасно дали растот на БДП ќе продолжи понатаму годинава

Растот од 2,1 отсто на бруто домашниот производ е подобар од очекувањата, но треба да се земе со резерва бидејќи не е јасно дали ваквиот раст ќе продолжи и во следните месеци, велат економските експерти. Иако градежништвото имало раст од 13 насто, од друга страна инвестициите паднале за 20 проценти. Професорот Бранимир Јовановиќ смета дека најголемо учество во зголемување на бруто-домашниот производ имал намалениот увоз.

Advertisements

„Она што го движи најмногу растот е падот кај увозот. Испаѓа дека кај нас растот на БДП, односно во Македонија БДП-то пораснало затоа што увозот се намалил. Сега на што се должи тој пад на увозот треба дополнително да се види, но може да биде поради тоа што лани во овој период веќе беше започната војната и поради тоа имаше голем увоз на енергенси и затоа има голем увоз на горива и нафтени деривати, а оваа година е намален“, рече Јовановиќ.

За првите три месеци од годинава Државниот завод за статистика пресмета дека, покрај градежништвото кое бележи раст од 12,7 насто, раст има и во трговијата на мало, транспортот, објектите за сместување и сервисните дејности со храна. Од друга страна, намалување за дури 22 проценти има во бруто-инвестициите на државата и фирмите, како и увозот на стоки и услуги од 4,3 проценти.

Андреа Чобанова

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button