
Бразилската суперѕвезда Нејмар доживеа уште една тешка повреда откако на квалификацискиот дуел против Уругвај пред два дена ги скина вкрстените лигаменти на коленото, како и менискусот.
Проценките на докторите се дека паузата на фудбалерот на Ал Хилал ќе трае околу девет месеци што значи дека Нејмар многу веројатно ќе го пропушти следното издание на Копа Америка.
Континенталното натпреварување на Јужна Америка (плус шест репрезентации од КОНКАКАФ) ќе се одржи од 20 јуни до 14 јули 2024 година што е за осум месеци отсега, а тоа не е доволно за Нејмар целосно да заздрави од повредата.