СПОРТФУДБАЛ

Нејмар се нудел на Барcелона, Флик веднаш ја одбил таквата понуда

Eден од најценетите шпански новинари, Жерар Ромеро, кој е близок до Барселона, објави шокантна вест поврзана со каталонскиот гигант и некогашната ѕвезда на клубот – Нејмар. Имено, бразилскиот ас не сакал да го продолжи својот престој во Саудиска Арабија, иако таму е обложен со злато, и имал желба да се врати во Барселона.

Advertisements

Наводно, веќе имало контакти меѓу претставници на Нејмар со првиот човек на Барса, Лапорта, но кога таа информација стигна до тренерот Ханси Флик, одговорот бил краток и јасен – „НЕ“.

Кога Лапорта му ја претстави идејата на новиот тренер, германецот беше јасен во пораката дека не му е потребен 32-годишниот бразилец, кој поради повреда подолго време е надвор од терените.

Проектот на Флик е дека на Барселона ѝ се потребни млади фудбалери кои во иднина ќе бидат столбот на клубот, кој во последниот период мака мачи на финансиски план.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button