СПОРТФУДБАЛ

Нејмар уплатил сума од 150.000 евра на сметката на Дани Алвес

Многумина поранешни негови соиграчи и колеги изразија поддршка за трофејниот фудбалер, Дани Алвес, но најконкретен во тие чекори беше ѕвездата на Ал-Хилал, Нејмар. Нејмар уплатил сума од 150.000 евра на сметката на Алвес и му го испратил на располагање неговиот адвокат, кој ќе биде дел од одбраната пред судот.

Advertisements

Првото рочиште се очекува да биде во февруари, а неговата одбрана веќе се подготвува за случајот. Алвес веќе имаше и други проблеми со неговата бивша сопруга, која сакаше да ја искористи ситуацијата и да му одземе по легален пат неколку станови и куќи, но адвокатите ја спречија во намерата и успеаја да ги замрзнат сите нејзини односи со имотно-правните односи на фудбалерот.

Неколку англиски медиуми објавија дека таткото на Нејмар бил тој што ги исплатил средствата, но налогот сигурно дошол од ѕвездата на Ал-Хилал. Парите ќе бидат искористени за надоместок на сите досегашни судски трошоци, како и за хонорари за дел од адвокатскиот тим. Не е исклучена можноста Нејмар и дополнително да му помогне на Алвес, доколку за такво нешто има потреба. Доколку биде докажана вина, на славниот бразилски фудбалер му се заканува затворска казна во времетраење од најмалку четири години.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button