ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Неказнувањето во судството, главен непријател за борба против корупцијата
Неказнувањето во судството, главен непријател за борба против корупцијата

Неказнувањето во судството останува главен непријател на борбата против корупцијата. Потребно е зајакнување на институциите кои имаат овластувањ е да вршат кривични истраги и гонења. Вака оценува Антикорупционерот Владимир Георгиев.
Георгиев вели дека изборот на функционери од самата Влада без конкурс влијае на растот на корупцијата. Затоа, додава тој, што поскоро треба да се донесе Закон за висока раководна служба каде функционерите ќе се избираат според квалификациите и заслугите.
Според Георгиев, иако Антикорупциската комисија се залага што побрзо да се изгласа Законот, сепак неговата судбина зависи од Собранието./Alsat.mk
Мефаил Исмаили