Некои пекарници го поевтинија лебот, но не и најголемите
Некои пекарници го поевтинија лебот, но не и најголемите

И 20 дена откако стартуваше субвенционираната струја за компаниите кои произведуваат прехранбени производи, некои од поголемите индустрии за леб допрва треба да ги намалат цените. Од мелничко-пекарската групација во Стопанската комора велат дека најголем број фирми ги намалиле цените, но на некои им треба повеќе време.
Граѓаните некаде забележуваат намалување на цената на лебот, а некаде не. Додаваат дека цената е сепак висока за нивниот стандард.
Неодамна купив леб на неколку места. На некои места е поевтино, други сè уште не почнале. Обично онаму каде што цената беше 40, сега е 35.
Компаниите кои произведуваат прехранбени производи добија субвенционирана струја од 1 декември. Право на користење на оваа мерка имаат околу илјада, но досега ја користат само 230./Alsat.mk
Мефаил Исмаили