
Најмалку пет лица, меѓу кои и тројца тинејџери, речиси починаа од вејпинг во Холандија во последните месеци, а лекарите беа принудени да стават четири лица во индуцирана кома, објави денес „NL Times“.
Покрај вештачките коми, на некои им биле потребни машини за одржување на функцијата на белите дробови и срцето, но тие не се единствените на кои им била потребна медицинска помош поради вејпингот.
Агенцијата наведува дека овие случаи не се поврзани еден со друг и дека пациентите не се познавале меѓусебно.