Неколку пати пробиен рокот за завршување на новата зграда на Театарот и библиотеката во Тетово

Завршувањето на новата зграда на Театарот и библиотеката во Тетово е одложено за најмалку 4 години. Иако крајниот рок за финализирање на работите беше 2018 година, надлежните сега велат дека се уште не е започната втората фаза од изградбата, која може да трае најмалку 4 години.
„Чекаме Владата да ни даде зелено светло и да започнеме со јавното снабдување за втората фаза. Втората фаза веројатно ќе чини околу 25 милиони евра. Во втората фаза се предвидени внатрешноста и театарската сцена. Објектот требаше да биде завршен за три години, но знаејќи дека ние сме земја што е во неволја кога се во прашање финансиите, се случи ова пролонгирање“, рече Артан Арслани, директор на домот на културата.
Одложувањата во изградбата на објектот, претставува проблем за Тетовскиот театар, чии актери немаат основни услови за вршење на својата професија.
“Главниот проблем е објектот. Немаме наша театарска сцена, ние ја споделуваме со домот на културата, затоа сме субјект, но без објект. Се надеваме дека во објектот кој сега е карабина наскоро да имаме театар со целосно значење на зборот”, изјави Беким Исмаили, директор на Тетовскиот театар.
Камен-темелникот на зградата на Тетовскиот театар и библиотека беше поставен на 28 ноември 2014 година, со ветување дека ќе заврши до крајот на 2017 година. Но, иако од тогаш поминаа многу години, објектот е сè уште во прва фаза на изградба.
Башким Сулејмани