Неколку пожари се уште активни низ целата земја, а денеска имаше нов пожар и во Македонски Брод

Покрај шумите, пожарите што горат со денови во земјава почнаа да ги горат нивите, загрозувајќи ја рафинеријата за нафта која се наоѓа на автопатот кон Куманово. Според изјавите на жителите, пожарот започнал во селото Агино и неколку минути стигнал до Дељадровце, а потоа и во Текија во близина на рафинеријата. Додека нашиот тим беше таму, на теренот немаше противпожарни екипи од главниот град и околината. Жителите се бореа сами за да го изгаснат пожарот, а беа забележани само противпожарни возила и амбулантни возила кои припаѓаат на самата Рафинерија.
Тешко контролирани пожари има и во другиот дел на главниот град, поточно во селото Раховиќ во Сарај. Според жителите, екипи со помош пристигнале седум дена откако започнал пожарот. Ставањето под контрола е тешко поради густите шуми и непроодниот терен. Романскиот авион помагаше во оваа област.
„Оваа планина гори веќе пет дена. Планината е сува и теренот не е погоден за искачување. Имаше селани кои се вклучија да го изгаснат пожарот, но теренот не е доволно добар. Денеска државните тимови пристигнаа наутро. Пристигнаа и други цивили. Селаните дали излегоа на терен? Излегоа и имаше луѓе со изгореници на нозете“.
Според Центарот за управување со кризи, активни пожари има во регионот на Пехчево, Берово и Делчево, но тие се под контрола. Во скопскиот регион, активни се во Чучер Сандево и Петровец. А, активни пожари има и во прилепскиот регион. ЦУК известува дека во попладневните часови е предизвикан нов пожар во регионот на Македонски Брод. Покрај локалните екипи, словенечки, бугарски, романски и австриските пожарникари, продолжуваат да помагаат во гаснењето на пожарот. Вчера еден австриски пожарникар се здоби со сериозни повреди од пожарот и моментално се наоѓа во трауматолошката болница во Скопје. Властите најавуваат дека откако ќе заврши документирањето, тој веднаш ќе замине на лекување во Австрија.
Mefail Ismaili