ЗАБАВАМЕТРОПОЛ

Неколку совети како да ги нашминкате ситните очи

Тенка линија со тушот, светла сенка или коректор на внатрешната страна на окото – шминкерите советуваат како визуелно да ги зголемите очите ако се ситни или со спуштени капаци.

Ситните очи и спуштените капаци се најтешки за шминкање. Најчесто жените прават грешка, па наместо да ги зголемат со шминката, прават тие да изгледаат уште помали.

Сепак, постојат техники за шминкање кои може да ги пробате, а кои визуелно ќе ви го зголемат окото.

Прочитајте ги 5-те трикови кои ги користат професионалните шминкери, а со кои му даваат поинаков (и визуелно поголем изглед) на малото око:

Средете ги веѓите

Тенките веѓи и веѓите во облик на полумесечина не се соодветни за жените со ситни очи, ниту за оние со спуштени капаци.

Затоа, шминкерите препорачуваат веѓите да имаат што е можно поприроден изглед.

Ако немате природно густи (и дебели) веѓи, можете да ги направите во некој од салоните за убавина.

А, ако имате природно погусти веѓи, престанете да ги кубете и кога ќе пораснат, со четкичка за веѓи чешлајте ги влакненцата нагоре, па фиксирајте ги со гел или восок.

Потоа со коректор осветлете го делот под очите за да му дадете визуелно поголем изглед на окото.

Осветлете, па затемнете

Оваа техника е одлична за малите очи (не се препорачува ако имате крупни очи), а идејата е да ги истакнете внатрешните агли на окото. Можете да користите коректор, светла сенка за очи или хајлајтер.

Потоа, со моливче или туш исцртајте линија на горниот капак која ќе ја кренете нагоре (во правец на веѓите) и на тој начин ќе ја нагласите надворешната страна на окото.

Оваа оптичка илузија (светла внатрешна страна на окото, а темна надворешна) ќе направи вашето ситно око да делува покрупно.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button