РЕГИОН
Неколкумина приведени за време на полициската акција во Белград за отстранување на блокадите

Министерството за внатрешни работи на Србија соопшти дека се отстрануваат сите блокади на патиштата во Белград по синоќешниот протест. Дополнително, информираат дека од утринава повеќе лица се приведени поради напад на полицијата и нарушување на јавниот ред и мир.
Во соопштението на српското МВР не се наведува бројот на приведени лица.
На социјалните мрежи објавени се и видеа од дел од апсењата на одредени локации во Белград, во кои се наведува дека луѓето биле тепани и уапсени.
Postoje indicije da je jedan od privedenih i @rajko_alt pic.twitter.com/yAcG76oo4Y
— (Ćosa) Ivan Cosic (@ivancosic) June 30, 2025