Нема да има нов договор за отворените прашања со Бугарија

Нема да има нов договор за отворените прашања со Бугарија, бидејќи дури и ако сакаме, не можеме да склучиме подобар договор од овој што го имаме. Ова го изјави премиерот Зоран Заев, кој заедно со вицепремиерот за евроинтеграции Никола Димитров и министерот за надворешни работи Бујар Османи, имаше онлајн состанок со високите претставници на ЕУ. Заев додаде дека обете страни ќе сторат се што е можно за да се дојде до решение пред првиот меѓувладин состанок, што претставува официјално отворање на преговорите со ЕУ.
Сепак, Заев додаде дека не ја исклучува можноста Бугарија да стави вето и првата меѓувладина конференција да не се одржи до декември. Но, тој подвлече дека највисоките претставници на ЕУ, на денешниот состанок дадоа максимална поддршка на нашата земја во заложбата за поставување стандарди во сите области.
Премиерот Заев и министрите Османи и Димитров, во пресрет на Самитот во Софија, во рамките на Берлинскиот процес, одржаа онлајн средба со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, високиот претставник на ЕК, Џозеф Борел, со еврокомесарот за добрососедство и проширување Оливер Вархеји и со претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли.
Mefail Ismaili