ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Нема договор меѓу Градот и превозниците, во петок нови протести

Власта се оградува од проблемите меѓу Град Скопје и приватните превозници. Од извршната власт велат дека надлежностите за јавниот превоз се на Град Скопје. Со ова , Владата навестува дека ова нема да биде една од ситуациите слични на оние во минатото, кога од „Илинденска“ се издвојуваа стотици илјади евра за подмирување на општинските долгови.

Advertisements

„Локалната власт е таа што треба да работи за граѓаните. Согласно Законот за Град Скопје, регулирањето и организирањето на јавниот градски и приградски превоз на патници е во целосна и единствена надлежност на Град Скопје. Оттаму, сите барања од превозниците треба да се упатат пред се до градските власти во Скопје, кои пак веднаш и одговорно треба да обезбедат мерки за надминување на ситуацијата“, наведуваат од Владата.

Но, на повидок не е можен договор меѓу Град Скопје и приватните превозници. Арсовска во интервју за „Телма“ рече дека не преговара со луѓе кои уценуваат и навредуваат и кои го прават ова, како што рече, бидејќи вистината не е на нивна страна.

Приватните превозници на „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ рекоа дека веќе ангажирале адвокати и парите ќе ги бараат по легален пат. Во петок им се враќаат на протестите и блокирањето на патиштата, а деталите за тоа кога ќе почне протестот, со колку автобуси ќе ги блокираат патиштата, кои делови од главниот град ќе бидат блокирани и колку ќе трае протестот, ќе бидат соопштени утре на прес- конференција. Од сета оваа создадена конфузија трпат граѓаните кои во последните неколку дена наидоа на потешкотии да ги извршуваат секојдневните обврски навреме.

Еви Шкопи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button