ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Нема договор, штрајкот од 11 април останува на сила

Претставниците на Синдикатот за образование, наука и култура кои се веќе еден час на средба со министерот за финансии, министерот за труд и социјална политика, како и министерот за образование, велат дека се уште не е постигнат договор за зголемување на платите во образованието, и дека генералниот штрајк останува на сила – на 11 април, пишува Алсат.
Претставниците на образованието се надеваат дека овие разговори најверојатно ќе бидат конструктивни и конечно ќе ги убедат надлежните институции дека платите на наставниците треба да се зголемат онолку колку што синдикатот првично бара 18,4 отсто, а следното зголемување е постепено.