ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Нема договорено средба Мицкоски – Радев во Будимпешта

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска изјави дека нема договорено средба со бугарскиот претседател Румен Радев на маргините на Самитот на Европската политичка заедница во Будимпешта, што се одржува утре.
-Не, но подготвен сум да разговарам со секого, секаде врз основа на вистински договор што ќе не однесе до целта, е на да го направиме само првиот чекор, рече Мицкоски денеска кој беше на средба со претставници на Масит.