
Кошмарите и депресиите и понатаму се на врвот на листата на најчести ментални болести. Периодот после ковид-кризата не само што го зголеми бројот на граѓани кои имаат потреба од психијатар, туку и кај оние кои пред пандемијата имале благи знаци на кошмари и депресија, нивните симптоми значително се зголемиле. Психијатарот Кадри Хаџихамза од Клиниката за психијатрија во Скопје вели дека овој феномен е многу нагласен, особено кај возрасните групи од 30 до 60-години.
„Болестите кои беа присутни кај некои пациенти се влошија после Ковид. Ова се однесува не само на телесните болести, туку и кај менталните. И пациентите кои можеби не доаѓале на лекар со изговор дека не им е потребна помош од психијатар, сега после ковид, тие луѓе почнаа да изразуваат повеќе симптоми на комшмари и депресија што ја зголеми таа категорија на пациенти кои се обраќаат кај нас. Клиничката слика на кошмари и депресија која порано беше полесна, сега стана потешка и бара третман со лекови и психотерапија“, вели Хаџихамза.
На Клиниката за психијатрија во Скопје работат 19 психијатри. Само двајца од нив се Албанци. Лекарите велат дека во психијатријата е многу важно пациентите да се лекуваат на мајчин јазик, па многу Албанци не можат да ја добијат оваа медицинска услуга на својот јазик.
„Само јас и доктор Дурмиш сме Албанци. Д-р Насер се занимава повеќе со деца од 10-18 години, додека јас работам со возрасните категории. Колку Албанци имаме во Скопје? Имаме многу, замислете 10% од нив да имаат ментални проблеми, иако секако дека има повеќе, тоа е значаен број, а лекарите кои треба да ги лекуваат на нивниот мајчин јазик, бидејќи никој не може да се изрази и да ја отвори душата подобро отколку на својот мајчин јазик, тоа е проблем. Проблем е што има мал број психијатри Албанци“, додава Хаџихамза.
Во моментов на Психијатриската клиника во Скопје има околу 40 пациенти. Во дневната болница има 30-тина, но тој број се менува. Во амбулантата секојдневно се вршат по околу 70 прегледи.
Вјолца Алити