ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Нема кој да вози, ниту со што – Македонија може да остане без извоз и увоз

Нема кој да вози, ниту со што - Македонија може да остане без извоз и увоз

Стопанската комора алармира. Земјава ризикува да остане без стока увезена од странство доколку не се сменети сите патни исправи, возачки дозволи, дозволи за сообраќај на возила и налепниците НМК за табличките на возилата. Проблеми ќе имаат и домашните компании кои извезуваат стока во странство, а немаат уредни документи, велат челниците на комората, според кои веќе утре ќе се почувствуваат последиците од стагнацијата на транспортот на стоки.

Advertisements

Претставниците на бизнисите бараат да се отворат посебни шалтери за возачите и правните лица кои се занимаваат со превоз на стоки и услуги во секоја единица на МВР во големите градови. Дури наведуваат дека се подготвени да ги платат сите дополнителни трошоци само за да се најдат итни решенија, бидејќи економијата на државата зависи од странска стока и може да има недостиг.

Од Стопанската комора велат дека само овој понеделник добиле стотици поплаки. Тие бараат брза линија како што беше направено во случаите при вакцинацијата против Ковид за време на пандемијата, кога беа потребни сертификати за имунизација за патувања во странство. Парализата на стопанските активности поради документацијата, според нив, може да предизвика штети од милиони евра како за приватните компании, така и за стопанството во државата./Alsat.mk

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button