Нема конкретен рок за отворање на преговорите за членство во Европската унија

Истите позиции во однос на датумот на отворање на преговорите на Македонија со ЕУ. Поддршката постои, но сè уште нема нов рок, датум или модалитет за одржување на меѓувладина конференција, која останува под услов на Бугарија. Официјални претставници на ЕУ велат дека не сакаат Северна Македонија да се оддели од Албанија, но дека С. Македонија треба да помине низ овој најнов филтер, меѓувладината конференција.
„Имаше силна поддршка за свикување на првата меѓувладина конференција за Северна Македонија што е можно поскоро. Знам дека го чекавте ова долго, 16 години. Можам да кажам дека имаше голема поддршка од нашите министри за оваа конференција што треба да се одржи. Тие беа јасни, сакам да нагласам, дека воопшто нема поддршка за одвојување од Албанија, ниту од институциите на ЕУ ниту од земјите-членки. Северна Македонија може да смета на нас за поддршка кога станува збор за наоѓање решение за деблокирање на европскиот пат“.
И премиерот, Зоран Заев со силен тон изјави дека определбата на земјата е ЕУ и нема друг начин. Но потрвид дека и покрај поддршката на оваа перспектива, од 27 министри за надворешни работи, земјата сè уште ја чека меѓувладината конференција.
Северна Македонија чека на меѓувладината конференција подолго време, но прашањето за идентитетот и јазикот со Бугарија го држи во заложништво договорот за нејзино свикување. Во Бугарија, во меѓувреме, официјалниот датум на избори беше објавен за 11 јули, додека македонските власти не се надеваат на решение со техничката влада.
Anesa Salihu