ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Нема крај на сообраќајниот хаос во тетово

Нема крај на сообраќајниот хаос во тетово

Нервоза, кавги и навреди. Ова е глетката по улиците на Тетово, паркирани автомобили кои го блокираат движењето на пешаците. Жителите се жалат дека често се случува од автомобилите паркирани дури и пред вратите на куќите, да не можат да влезат во своите домови додека не го најдат возачот.

Advertisements

„Сум бил малку и во странство и видов што е добро, но тука имаме голем проблем. Иако велиме дека општините се виновни , но често самиот народ ги создава проблемите„, рече еден жител.

„Како да не се нервирам, можете сами да видите каква е ситуацијата“, додаде друг.

„Нервозен, се качувам на велосипедот, не знам како да се движам од автомобилите. Тоа им се случува на многу луѓе додека возат. Се паркираат пред вратата, како да се движиме наоколу додека не го најдеме да ја отстрани колата“, рече еден друг жител.

Од Секторот за внатрешни работи Тетово велат дека казните се зголемени, но проблемот се уште е присутен.

„Недостатокот на паркинг сам по себе создава хаос во сообраќајот. Учесниците во сообраќајот, а воедно и припадниците на полицијата секогаш се соочуваат со вакви проблеми и се принудени со пајак службата да ги отстрануваат возилата кои го попречуваат сообраќајот. Во текот на 2024 година во тетовскиот регион се изречени околу 5300 глоби, додека возилата кои го попречувале сообраќајот се подигнати со пајаци, односно околу 3200 возила“, рече Фатмир Реџепи Портпарол на СВР Тетово.

Општина Тетово предупредува на хаосот со недостигот на паркинг места.

„Во Тетово се подготвува студија за мобилност која на крајот ќе обезбеди решенија за движење на автомобили и граѓани и за области на кои ќе им биде дозволено зонско паркирање или потреба од затворен паркинг или гаража на катовите. Верувам дека во рок од два-три месеци ќе ја имаме оваа студија која е во согласност со генералниот план и ќе ги продолжиме законските процедури за измените што треба да се направат во делот на урбанизмот во Тетово каде што одредени патишта ќе бидат прилагодени за зонско паркирање, а од таму ќе има информација колку дополнително паркирање ни се потребни ”, изјави Билал Касами Градоначалник на општина Тетово.

Според надлежните, во Тетово во моментов има околу 1.500 паркинг места, додека регистрирани се автомобили над 40.000./Алсат.мк

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button